Догма
1. Во античко време: одлука, наредба на власта.
2. Темелна точка во верско учење. Црковна, религиозна догма.
3. Мислење што се усвојува како сигурно, без критичко проверување и без оглед на конкретните можности за негова примена.
4. Мислење или тврдење изнесено решително, но без докази.
5. Воопшто: неповредлив, некритичен, апсолутизиран став, учење, суд.
6. Во филмската уметност: начин на снимање филм без дополнителни светлосни и звучни ефекти, односно природно, само со помош на камерата.