Длабок фокус
Термин којшто се користи во фотографијата или во кинематографијата за да означи длабочина во видното поле. При длабок фокус, и предниот и средниот и задниот план се јасни и во фокус. Длабокиот фокус се постигнува со користење висока бленда, повеќе светлина и долга експозиција при сликањето.