Дискурс
1. Начин на користење на јазикот во комуникацијата.
2. Сериозна дискусија на одредена тема.
3. Посебен начин на зборување и пишување. Терминот го употребува Мишел Фуко за да објасни како јазикот се користи за обликување на општествената реалност. Денес со него се означуваат различни видови вербална и невербална комуникација (визуелен, наративен дискурс итн.).