Дискриминација врз основа на возраста, ејџизам/годинизам
Форма на argumentum ad hominem; не се коментираат ставовите, идеите, вредностите или постапките на некоја личност, туку нејзината возраст; се смета за вид дискриминациски говор или дури говор на омраза. Понекогаш годинизмот се јавува сосема несвесно, од традиционални културолошки причини или со цел покажување солидарност, како обраќањето со „тетке“ или „чиче“ некому на пазар или на клиент од страна на шалтерскиот работник во некоја институција. Понекогаш медиумските написи и, особено, наслови се преполни со примери на годинизам, со цел да се привлече повеќе внимание од целната публика: „Баба си фатила дечко помлад 21 година“ или „Пијан возач прегазил старец“.