Дисеминација

Ширење различни информации, идеи, изјави преку медиумите. Терминот дисеминација се поврзува со традиционалниот комуникациски модел, при што испраќачот ја испраќа (дисеминира) пораката до поголем број примачи преку различни медиуми. Примери за ваков тип дисеминација наоѓаме во рекламирањето, односите со јавност, јавните говори. Со дисеминацијата на медиумските пораки не се предвидува повратен одговор од примачот, што е карактеристика на новите медиуми.

Албански

Diseminim

Англиски

dissemination