Дикција

Начин на зборување. Индивидуално обележје на фонетските разновидности на јазикот. Начин на: изговарање на гласовите и на слоговите, акцентирање на зборовите, поврзување на зборовите во поголеми говорни целини, менување на тонот при зборувањето, интонациско обликување на речениците. Течното зборување без непотребни паузи, повишувања или снижувања на тонот, продолжувања или скратувања на артикулацијата и сл., е одлика на добрата дикција и предуслов за непречена усна комуникација. Особено е значајна за јазикот на радиото и на телевизијата.

Албански

Diksion

Англиски

Diction