Дијалогизам
Според теоретичарот М. Бахтин, дијалогизмот или дијалошкото начело е принцип на текстот којшто му се обраќа на соговорникот („Другиот“) или на оној кому му е упатена пораката така што ги предвидува неговите прашања и одговори и имплицитно комуницира со него. Така, во текстот се јавуваат и повеќе гласови, односно полифоничност, како и динамичност, отвореност на ставовите за спротивставени мислења. Дијалогизмот е спротивен на монологизмот, како начело што се јавува во авторитарните, тенденциозните, пропагандните текстови.