Дијалект

Разновидност на јазикот што е својствена за еден регион од географската територија на која се зборува тој јазик. Не е кодифициран, за разлика од стандардниот јазик, но има свои фонетски, граматички, лексички и стилски особености. Се користи во усното општење и во лични преписки. Својствен е за народните умотворби. Не се препорачува неговата употреба во официјалната усна или писмена комуникација. Науката што ги проучува дијалектите се вика дијалектологија.

Албански

Dialekt

Англиски

Dialect