Дијахронија
1. Промена на јазичниот или на друг систем со текот на времето. Дијахронискиот пристап кон јазикот подразбира проучување на тоа како се менувал или се развивал јазикот низ историјата, низ различните временски периоди или, едноставно, низ времето.
2. Термин на лингвистот Ф. де Сосир во делото „Курс по општа лингвистика“, којшто вели дека јазичниот знак го обезбедува својот континуитет само преку промена.