Дигитално издание

Онлајн или електронска верзија идентична на печатеното издание на дневниот весник или на неделното/месечното списание. Често содржат интерактивни елементи како што се хиперврски, опција за пребарување, мултимедијални содржини како видео или анимација за подобра приемчивост на содржините или на рекламите. Дел од весниците и списанијата се трансформирале во онлајн-медиуми, бидејќи се одлучиле да ги намалат трошоците за печатење и за дистрибуирање, со оглед на фактот што секојднецвно паѓа нивниот тираж. Дел од дигиталните изданија се бесплатни, но во светот поголемиот дел се добиваат исклучиво со претплата.

Албански

Edicion digjital

Англиски

Digital edition