Дигитална диктатура

Систематска контрола на општеството преку користење на современите технолошки средства. Надзор на однесувањето на луѓето во кој новата „тоталитаристичка реалност“ постепено се обликува според визиите на технолошките компании: Гугл, Епл, Фејсбук, Амазон. Современите технологии сѐ повеќе се злоупотребуваат и во значителна мера ги загрозуваат човековите права, а обележјата на дигиталните општества, како што се масовниот надзор, неетичките експерименти со луѓе и друго, креираат и нов вид дигитално поткрепен тоталитаризам. Во Кина е поставена мрежа од 200 милиони камери, кои го следат секое движење на луѓето, а на смартфоните им се инсталирани апликации, кои додатно го подобруваат системот на следење и на прислушување.

Албански

Diktaturë digjitale

Англиски

Digital dictatorship