Архетип
Наследена меморија на сеопштото искуство; вродени обрасци на мислење, чувствување и дејствување настанати како резултат на вековното искуство на нашите предци. Термин воведен од психологот Карл Јунг, според кој архетипот е камен-темелник на културата, што им овозможува на луѓето да реагираат на различни животни ситуации на начин на кој би реагирале нивните предци.

