Воцап-месинџер, Воцап
Американски бесплатен сервис за размена на моментални пораки или гласовна врска по интернет-протокол. Платформата ѝ припаѓа на компанијата Мета (Meta). Корисникот може да врши размена на текстуални и гласовни пораки, да врши гласовни или видеоповици, да разменува фотографии, документи, локација на корисниците и други податоци. За регистрација на корисник на оваа платформа потребно е да се регистрира бројот на мобилниот телефон на корисникот.

