Вистиномер
Платформа во неколку балкански земји за верификација на фактите. Започната е како копија на американската платформа Politifact.com, добитник на Пулицеровата награда во 2009 година. Ја оценува точноста на изјавите на политичарите и на јавните личности, споредени со фактите и со поранешни тврдења. Се анализираат и ветувања, а секое од нив добива оцена според степенот: исполнето, делумно исполнето или неисполнето.