Супкултура
Движење што се издвојува од мнозинската, главната или ‘мејнстрим’-културата. Културно движење на одредени бројно позатворени или поограничени заедници, чиишто членови споделуваат ставови, гледишта, начин на облекување и на живеење, жаргонски јазик, уметнички вредности. Супкултурата се јавува како спротивставено, или барем алтернативно, движење кон остатокот од општеството.