Сублиминално рекламирање
Техника за рекламирање заснована на криење на значењето или форматот на пропагандната порака. Теоријата зад оваа техника е дека при подложување на пораката со сублиминална реклама, умот на корисникот несвесно ќе ја прими пораката така што таа ќе создаде потреба за одреден производ или услуга. Истражувањата коишто се спроведени досега за испитување на ефективноста на овој тип рекламирање засега не можат да потврдат дека сублиминалното рекламирање влијае забележително врз публиката.