Специјално издаваштво
Начин да се креира или да се зајакне лојалноста кон одреден бренд. Се продуцираат списанија, видеа, весници коишто имаат за цел многу конкретна публика или група потрошувачи. Најдобар и најстар пример за специјално издаваштво се списанијата во авионите чијашто цел е да ја добијат лојалноста на корисниците кон одреден авиопревозник.