Слобода на говор/слобода на изразување
1. Право на секој поединец или група да ги изрази своите ставови, мислења и идеи преку кој било медиум, вклучително и книги, весници, списанија, радио, телевизија, филм и електронски документи на компјутерски мрежи, без страв од одмазда, цензура или законска санкција.
2. Основно право на секое слободно општество, без кое новинарите, научниците, но и секој граѓанин не можат да ја извршуваат својата витална улога на ширење нови знаења.