Скриено авторство
Пишување во име на друга личност. Скриениот автор (ghostwriter) вообичаено пишува мемоари, автобиографии или слични жанрови во името на некоја позната личност. Оној којшто пишува обично се обврзува на доверливост, но ваквиот начин на соработка не е етичен во сите контексти: доколку станува збор за истражувачки труд или за научна работа, скриеното авторство е форма на академска нечесност или плагијаризам.