Ситком, Ситуациска комедија
Телевизиска или радиопрограма во којашто има постојани ликови и место на одвивање на дејствието. Ситкомот се појавува во САД во дваесеттите години од минатиот век, а во седумдесеттите станува исклучиво телевизиски жанр. Денес е најчест кај телевизиските серии. За телевизиските ситкоми е карактеристичен временскиот формат којшто обично се движи во опсегот од 20 до 30 минути.