Симбол
1. Најопшто земено, еден поим, предмет, боја или друго материјално нешто што претставува нешто друго, како што знамето или грбот претставуваат некоја земја. Сè во природата или во општеството може да биде симбол за нешто друго, но симболите често се мотивирани од културата што ги создава (волчицата како симбол на среброљубје или гавранот како симбол на смртта). Човечкиот јазик има симболичка природа бидејќи се користат знаци (букви, зборови, изрази) за да се соопшти некакво значење.
2. Во уметноста и во духовните области (како религијата, на пример), симболот е знак чијашто содржина се состои од повеќе конотативни значења, комплексен означувач чиешто означено не може докрај да се објасни или да се дефинира.