Позитивно подучување

Начин или тренд на подучување со создавање позитивна атмосфера во училницата и, воопшто, во образовниот контекст за учениците. Позитивното подучување е вид бихевиорален пристап со поставување јасни правила и јасни очекувања според возраста на учениците и поттикнување и фокусирање врз нивното позитивно однесување, наместо врз негативното. Позитивното подучување и училница подразбираат пофалување и наградување на учениците, особено во порана возраст, со цел кај нив да се изгради внатрешната (или интринзична) мотивација. Според позитивното подучување, можеби казните можат да го запрат непожелното однесување, но единствено соодветната, постојана и доследна употреба на позитивни методи може да придонесе кон создавање и надградување на прифатливото однесување на учениците во училницата.

Албански

Mësim pozitiv

Англиски

Positive teaching