Насловна слика
Голема и доминантна слика којашто се прикажува на врвот на профилот на социјалните мрежи, како што се Фејсбук и Линкдин. Сликата ја избира и ја поставува самиот корисник, а се користи за визуелно претставување на профилот или на страницата на социјалната мрежа.