Кроспромоциски маркетинг
Користење различни платформи или канали со цел да се изврши рекламирање на определена стока или услуга, како и за презентирање медиумска содржина. Целта на ваквиот пристап е да се дојде до целната публика и да се зголеми опсегот на лицата до кои се пренесува соодветната содржина. Платформите можат да бидат меѓусебно поврзани (доколку тие припаѓаат на иста компанија) или може да се користат независно една од друга.