Целна публика
Група до којашто треба да стигне медиумската содржина. Се користи и во маркетинг-стратегии за план и развој на рекламирање компании и бизниси. Публиката обично се одредува врз основа на возраст, образование, пол, интереси, социоекономски статус, локација, начин на живот и други фактори.