Цензура

Контрола на она што луѓето можат да го кажат, слушаат, пишуваат или читаат. Во повеќето случаи ваквата контрола доаѓа од владина институција или од различни приватни групи. Цензурата може да биде насочена врз книги, весници, списанија, филмови, радио, телевизиски програми, објави на интернет и говори. Исто може да влијае и врз музиката, сликањето, вајањето и другите уметности. Цензурата е ограничување, вообичаено од страна на властите на клучните слободи – на верување, изразување, движење, собирање и пристап до информации. Најчестата форма на цензура е самоцензура – т.е. кога нешто не се кажува поради ризик од надворешна цензура или санкции – од страна на законот, организации и групи кои може да вршат притисок и се јавува цензура поради пропуштање или избегнување.

Албански

Censurë

Англиски

censorship