Цензура
Огрaничување на различното мислење во медиумите, контрола на медиумите и на медиумските пораки. Изоставување на дел од текстот поради несовпаѓање со уредувачката политика. Ограничување на одредени ставови, документи и текстови да бидат слободно достапни за јавноста. Цензурата вклучува скратување на правото на пристап до информации. Може да биде насочена кон книги, весници, списанија, радио и телевизија, програми, филм, па дури да има влијание и врз музиката, сликарството, скулптурата.