Кликомамец, кликомамка

Збор или наслов на статија што прикриено или видливо се труди да го наведе читателот да кликне на текстот, за да го отвори и да го прочита. Такви наслови се сите оние што често започнуваат со зборовите: „Шокантно!“ или „Неверојатно!“, со изразите „Погледнете кои се петте работи кои…“ или, воопшто, оние кои се манипулативни и насочени да предизвикаат силни емоции кај читателот, со цел тој да го отвори целиот текст. Кликомамците многу често наведуваат на текст којшто воопшто нема поврзаност со насловот или, пак, е исто толку празен и без содржина како и самиот наслов.

Албански

Karrem i klikimit, klikbejt

Англиски

clickbait