Знак
Материјализирана форма наконвенционална врска помеѓу означено (signifié) и означувач (signifiant). Буквите се графиски знак за согласка или за самогласка, зборот со својот конкретен и непроменлив гласовен состав е знак за „договорен“ поим на кој се однесува. Сама за себе, фонемската низа к-н-и-г-а нема значење до моментот додека не се поврзе и не се „закачи“ за нешто што ќе го означува во комуникацијата. Знаци или систем од знаци се: имињата, насловите, термините, слоганите, клучните зборови, ѕвездичката или бројот на фуснотата, знаковниот јазик, Брајовото писмо, Морзеовата азбука итн. Главно, се делат во три групи: икони – идентични или слични визуелни прикази на означеното (фотографија, мапа); индекси – нешто што укажува на нешто друго (чадот како знак за оган) и симболи – немаат физичка сличност или поврзаност со тоа што го означуваат, произволни се, доаѓаат по избор, постојат по конвенција, препознатлив се за човекот, не и за животните (знаме, семафор, сообраќаен знак).
Албански
Shenjë
Англиски
Sign
За повеќе види:
1. F. De Sosir, Opšta lingvistika, Nolit, Beograd, 1977;
2. R. Firth, Symbols: Public and Private, University of Virginia, Cornell University Press, 1973.