Стриминг
Технологија со која истовремено се прима и се репродуцира мултимедијална содржина. За разлика од класичните методи на преземање каде што корисникот мора да чека да се преземе содржината во целост, кај стримингот тој може да започне да ја следи истата во моментот на започнувањето на нејзиното гледање. За стримингот е мошне важна јачината на интернет-сигналот, со оглед на тоа што од неа зависи и квалитетот на прикажувањето, односно доколку интернет-протокот е слаб ќе дојде до прекин во емитувањето.