Брендирање
Процес на означување организации, компании, производи или услуги со креирање и обликување бренд во поимањето на потрошувачите или на корисниците. Стратегија со која се влијае врз потрошувачите да го препознаат брендот и да им се даде причина да го изберат или да му останат лојални. Брендирањето се постигнува преку различни алатки: дефинирање на брендот (цели, вредности, ветувања), идентитет на брендот (име, тон на гласот, лого, палета од бои, тип на букви), рекламирање и комуникации (ТВ, радио, списанија, билборди, веб-страници, мобилни апликации), спонзорства и партнерства (спортски натпревари, културни настани), дизајн на производот (пакување), односи со корисници, ценовна стратегија и др.