Род

1. Социјално-културен конструкт којшто опфаќа определени карактеристики, очекувања и улоги на жените и мажите. Тој најчесто се совпаѓа со биолошкиот пол на личноста, но и не мора. Додека полот е биолошки поим и ги опфаќа примарните и секундарните физиолошки особености на луѓето, родот подразбира општествени очекувања и задачи за мажите и жените, кои се менуваат низ времињата, дијахрониски, како и во различни култури, синхрониски. Родот го опфаќа начинот на воспитување, подигнување и третирање на машките и на женските деца од моментот кога ќе се родат: од начинот на облекување и игрите и играчките на кои се изложени, до образованието што им се дава и професиите кон кои се насочуваат.

2. грам. Граматичка категорија во која се менуваат менливите зборови како именките или придавките. Во македонскиот јазик постојат машки, женски и среден род. Именките се селективни по однос на оваа категорија, односно имаат само еден род. Сепак, постојат и двородови именки (како пепел, кал, жал, глад, бар, песок).

Албански

Gjini

Англиски

gender