Радиодифузна такса
Jавен данок кој го плаќа секој корисник на радио и телевизиски приемник. Средствата прибрани од радиодифузната такса се користат за функционирање на јавниот радиодифузен сервис и за одржување на радиодифузната мрежа. Кај нас овој вид такса е укината, а финансирањето на јавниот сервис се врши од државниот буџет.