Реторика

Уметност на убедување, една од трите антички уметности на дискурсот; говорништво. Во современа смисла, со особен фокус на медиумите, терминот реторика се користи во критичка смисла, како празно зборување, постојано повторување исти фрази, неелоквентно зборување, зборување познати работи. Сите насловни страници на медиумите се реторички, со политички ставови на конкретниот медиум, со текстови за привлекување внимание и со она што публиката сака да го чуе или да го прочита. Реторичката анализа објаснува како употребата на стилските фигури, односно фигуративниот говор креира моќни значења. Употребата на реторичкиот јазик е особено видлива во рекламирањето.

Албански

Retorikë

Англиски

rhetoric