Реклама
1. Јавно претставување на производ, услуга или дејност при што се истакнуваат својствата на рекламираниот производ за да се привлече вниманието на потрошувачите кон него и за да се поттикне неговото набавување/купување. Претставувањето може да биде во вид на слика и текст, во видео или во аудиоформа.
2. Популаризирање, објавување, препорачување на нешто.
3. Во комерцијалните медиуми во демократските општества, рекламите се едни од основните извори на финансирањето, а кај нас во минатото беа познати како економско-пропагандна програма (ЕПП).