Референт
Нешто или идеја за коешто има одреден симбол. Кодот на референтот ја насочува интерпретацијата за создавање одредена приказна, којашто го претставува реалниот живот, но ја поврзува со животите и искуствата на публиките. Според Роман Јакобсон и неговиот модел за функциите на јазикот, референциската функција е секој исказ којшто е создаден да упати на нешто во реалноста, како на пример „Главната улица е на два блока.“ Исказот има специфична референтна функција да означи каде може да се најде некоја улица, односно пренесува информација за некоја вистинска појава.