Жанр

1. Групирање медиумски содржини според заеднички особености, во состав на медиумот каде што се реализираат. Се препознава во рубриките (политика, култура, спорт), тематските весници и списанија (готвачи, огласници, стрипови), видовите филмови (комедија, акција, хорор), формите на електронско информирање (онлајн-весници, портали, блогови, социјални мрежи) итн. Жанровите минуваат низ фази на популарност и еволуираат во однос на конвенциите за креирање, на пр., илустративниот формат на телевизиските метеоизвештаи, функционално-стилската разновидност во јазикот на вестите, вклучувањето на публиката во телевизиските и радиоемисиите. Важни се и за публиката – прави избор на медиумски содржини според интересот, и за продуцентите – создаваат медиумски содржини за разни кориснички групи и развиваат соодветна методологија на работата.

2. син. жанровска сцена, жанровска фотографија Пренесување, „пресликување“ ситуации од секојдневниот живот во медиумските содржини, како: внесување на признакот „според случка од животот“ во шпицата на филмовите; сценографија на студијата во ТВ-емисиите според изгледот на дневна соба, кујна, градина; преселени студија во „реален“ амбиент; прикажување фотографии од домовите или известување за дневните активности на познати личности во печатени и во електронски медиуми.

Албански

Zhanër

Англиски

genre

За повеќе види:

https://sk.sagepub.com/reference/hdbk_mediastudy  J. D. H. Downing, D. McQuail, Ph. Schlesinger & E. Wartella, The SAGE Handbook of Media Studies, SAGE Publications, Inc., 2004.