Жаргон

Говор на определена група говорители меѓусебно поврзана на професионален план или според некоја заедничка активност. Се работи за разговорна употреба на зборови и изрази разбирливи само за припадниците на групата, а не за строго определена професионална терминологија – жаргон на риболовците: љубовница ʻомилена трскаʼ, ~ на извидниците: старци ʻизвидници што прават проблем во одредотʼ, ~ на велосипедистите: млечен праг ʻмомент на зголемено лачење млечна киселина во мускулитеʼ.

Албански

Zhargon

Англиски

jargon

За повеќе види:

С. Груевска-Маџоска, Лексикологија на македонскиот јазик, Книгоиздателство МИ-АН, Скопје, 2022