Убедување/Политичко убедување

Уверување на јавноста за прифаќање на политичките идеи, проекти и одлуки. Убедувањето е средство на пропагандата, политичкото комуницирање, јавните комуникациски кампањи и односите со јавноста. Метод којшто се користи од политичарите при комуницирањето со јавноста, за да добијат поддршка за своите постапки од граѓаните и во период кога нема избори. Се работи за комплексен, интерактивен и континуиран процес во којшто се употребуваат вербални или невербални симболи.

Албански

Bindje/ Bindje politike

Англиски

conviction/political conviction