Семиолошка анализа на медиумски текст

Анализа на знаците, на нивната структура и значење во медиумските текстови, како и нивно толкување на различни нивоа. Во современите медиуми особено се обрнува внимание на знаците во различните додатоци, телевизиски програми, реклами, документарни филмови, спотови. Сите овие медиумски текстови се полисемични, што значи содржат различни знаци на повеќе нивоа. Семиолошката анализа има за цел да истражува како медиумските содржини ги употребуваат, ги конструираат или ги рециклираат знаците.

Англиски

semiological analysis of media text