Регулаторно тело
Тело, вообичаено од јавен карактер, коешто има за цел да ја следи работата на медиумите, издава насоки, опомени и прекршочни казни кога не се почитуваат законските одредби или стандардите за работа во медиумската и во радиодифузната сфера. Во Република Северна Македонија постои Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АААВМУ), како самостојно и независно непрофитно регулаторно тело со статус на правно лице со јавни овластувања. Нејзината работа е регулирана со закон.
Албански
Trup rregullator
Англиски
Regulatory agency
За повеќе види:
Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, достапно на Надлежности на Агенцијата – Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (avmu.mk)