Нетипичен развој кај децата
Состојба којашто се однесува на оние деца коишто достигнуваат определен степен на психофизички развој многу порано од своите врсници или од децата во определен возрасен опсег и на оние деца коишто во својот психофизички развој заостануваат зад она што е очекувано однесување на нивната возраст. Нетипичниот развој кај децата се манифестира главно на три различни начини: емоционално-социјално, когнитивно и физички и честопати се изедначува со различни видови од спектарот на аутизмот.
Нетипичниот развој може да се појави на различна возраст и да се манифестира на бројни различни начини. Токму затоа, една од најважните задачи на наставниците и на педагозите е внимателно да го следат секое дете и да им обрнат внимание на родителите доколку забележат симптоми на нетипичен развој.