Mедиумска регулација

Законско нормирањe на работата на медиумите и нивните односи со државата, политиката, бизнисот, маркетингот итн. Ги утврдува не само правата, обврските и одговорностите на регулаторната агенција и електронските медиуми туку и на различните даватели на медиумски услуги и операторите на јавните електронски комуникациски мрежи. Спречува одредени штетни последици за јавниот интерес, а во прв ред овозможува заштита на граѓаните од злоупотреби од страна на медиумите, фер пазарна конкуренција и оневозможува медиумска концентрација којашто би го загрозила медиумскиот плурализам. Целите на регулацијата се: промовирање на слободата на изразување, развој на независната продукција на домашните медиумски фактори, заштита на културниот идентитет на граѓаните, поттикнување на јавен дијалог со цел да се зацврстува заемното разбирање и толеранцијата, заштита на интересите на корисниците, особено на малолетните лица, развој на медиумската писменост, транспарентно, независно и отчетно функционирање на јавниот радиодифузен сервис, техничко-технолошки развој на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, конвергенција со електронските комуникации и со услугите на информатичко општество, поттикнување и развој на конкуренцијата во аудио и аудиовизуелните медиумски услуги и реемитување на програмските сервиси преку јавни електронски комуникациски мрежи. Правото за спроведување на медиумското законодавство го има независно стручно тело.

Албански

Rregullimi mediatik

Англиски

Мedia regulation