Kомуникација, интраперсонална
Комуникација насочена кон нас самите, нашите внатрешни дијалози, интроспекција, кон нас, нашите релации со другите и кон средината. Тоа што се случува во нашите глави (или срца) е условено и контролирано од нашиот поглед кон себеси, а тој став произлегува од нашите минати и сегашни влијанија, ставот како ги гледаме другите, што тие мислат за нас, нашите минати достигнувања и падови, сеќавања, неутрални дејствија и впечатоци. Нашиот концепт за себеси е во интеракција со нашиот поглед на светот, формиран од искуства. Интраперсоналната комуникација најчесто се користи како средство за верување во себеси, градење самодоверба или нејзино одржување или како откривање на себеси и е нешто што нè прави уникатни секој од нас како поединци.