Денотација/означување

Идентификација и разбирање на збор или медиумски текст во неговото основно, буквално значење ‒ што гледа публиката на екранот или на страницата. Претставува прво ниво на анализата, а второто ниво е конотацијата, односно што репрезентира денотацијата. Зборот ‘црвен‘ означува боја, но на друго ниво означува борба за слобода, еднаквост, рамноправност. Конотацијата е таа што додава значење, вредност, стојалиште, агол на гледање на денотацијата. в. конотација.

Албански

Denotacion/shënim

Англиски

denotation