Демонизација

1. Понижување, оцрнување или сатанизација на лице или група од страна на медиумите, најчесто преку напад на личните карактеристики на едно лице или на водачот на групата.

2. Техника за омаловажување или оцрнување на лица чии ставови се сметаат за опасни, дестабилизирачки, лоши за бизнисот или пак субверзивни. Процесот на демонизација почнува со персонализација, којашто се фокусира на личните особености или епитети (најчесто негативни) на водачот или гласноговорникот кои започнуваат одредена тема којашто лицата кои демонизираат (т.н. „демонизатори“) не ја поддржуваат. Нарекувајќи ја каузата или прашањето „лична работа“ на одредено лице, целта на медиумите е да се нанесе штета на кредибилитетот на портпаролот/гласноговорникот и со тоа во јавната свест да ѝ се наштети на каузата за која тој/таа се залагаат.

Албански

Demonizim

Англиски

demonization