Чувари на вратата

Контролори на пристапот до содржини и информации. Поширок процес на арбитража, филтрирање на квалитетот или легитимноста на содржините. Селекција на информациите во однос на приоритет, квалитет и  актуелност на  сите нивоа на медиумската структура ‒ од уредник на вести, новинар, администратор на веб-страница, сопственик на профил на социјални мрежи, алгоритми на интернет-пребарувачи. Теоријата за „чувари на вратата“ за првпат ја воведува социјалниот психолог Курт Левин во 1943 година.

Англиски

gatekeepers

За повеќе види:

Kurt, Levin. Forces behind habits and methods of change. Bulletin of the National Research Council.108: 35‒36, 1943