Aнкета

Активности и процеси преку кои се истражува јавното мислење, чиишто наоди потем се објавуваат и се дистрибуираат во јавноста. Анкетите се изведуваат и се користат како метод за прибирање информации врз кои се креираат политики и активности на институции, политички партии, организации и други чинители. Нивното јавно објавување во медиумите повратно влијае врз јавното мислење во поширока смисла со тоа што ги насочува или ги одредува ставовите на одреден дел од популацијата. Во изборните кампањи, резултатите од анкетите се сметаат за клучни показатели за начинот на којшто гласачите имаат намера да гласаат. Медиумското известување за анкетите влијае на електоратот, особено ако наодите сугерираат согласност за одредени прашања и политики или препознаваат широко прифатени ставови. Поради ова, некои земји го забрануваат објавувањето на резултатите од анкетите непосредно пред изборите.

Албански

Anketë

Англиски

questionnaire