Агитпроп
Од руската кованица од зборовите агитација + пропаганда (агитация + пропаганда): политичка стратегија којашто симултано ги користи алатките за пропаганда и агитација, со цел да влијае на јавното мислење и да ја мобилизира јавноста за одредени теми. Агитацијата користи политички слогани и полувистини за да се искористи расположението на јавноста и со тоа да се обликува јавното мислење и да се мобилизира јавна поддршка. Пропагандата, од друга страна, е употреба на историски и научни аргументи за индоктринирање на делови од јавноста.