Односи со јавноста, пи-ар
Активности и техники коишто се користат од организации и поединци за промовирање ставови и одговори до пошироката јавност или посебни групи. На овој начин на граѓаните им се пренесуваат објаснувачки и убедливи пораки за теми од интерес, а од друга страна од нив се добиваат мислења. Ова се користи за градење позитивен имиџ за некој субјект преку промотивни активности, преку соопштенија, видео и аудиопроизводи. Називот „пи-ар“ е добиен од англиската кратенка PR (public relations).